/ Прочитано:

868

Уставниот суд ќе расправа за Законот за амнестија

Среда, 31 октомври 2012 – Уставните судии денеска ќе расправаат по иницијативите за преиспитување на уставноста на автентичното толкување на Законот за амнестија, со кои пратениците ги затворија четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ пред повеќе од една година со гласањето за автентичното толкување на Законот за амнестија одлучија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите „Хашки случаи“, осомничени за воени злосторства од 2001 година.

Уставните судии ќе расправаат врз основа на три иницијативи за оцена на уставноста на автентичното толкување, а една од иницијативите е доставена од семејствата на 12-те киднапирани Македонци во 2001 година.