/ Прочитано:

877

Уставниот суд расправаше и одлучуваше за уставностa на одредби од три закони, за два подзаконски прописи и еден колективен договор

Среда, 5 март 2014 – Уставниот суд на Република Македонија денеска расправаше и одлучуваше за уставностa на одредби од три закони, за два подзаконски прописи и еден колективен договор.

Судот поведе постапка за член 213 в, став 3 од Законот за работните односи, со кој се предвидува враќање на пристапниците со кои се пристапува во членство на синдикатите по завршувањето на постапката за утврдување на репрезентативноста на синдикатот.Поведувањето е затоа што оваа одредба од став 3 беше во функција на став 2 од членот 213 в во кој се предвидува да се доставуваат и пристапници на членовите на сидикатот покрај список на членовите кои платиле чланарина. Во 2012 година членот 213 в, став 2 во делот пристапници на членовите е укинат, со што ставот 3 од тој член е без правен основ. Како таква одредба после укинувањето на ставот 3, Судот оцени дека не е во согласност со владеење на правото. Не е поведена постапка за член 213 в, став 2, алинеа 2 и за член 213 в, став 4 за кои одредби се однесуваат на постапката за утврдување на репрезентативност на синдикат и доказите кои се приложуваат во таа постапка. За овие одредби Судот не поведе постапка затоа што оцени дека таквите одредби се во функција на синдикалното организирање и дејствување определено во член 37 од Уставот на РМ.

Судот денеска расправаше за девет члена од Законот за високо образование, од кои за седум не поведе постапка, додека за два члена ја отфри иницијативата. Седумте одредби каде не е поведена постапка беа оспорени од аспект на повреда на уставната гаранција за автономија на високото образование, односно автономија на Универзитет. Судот не поведе постапка затоа што законските одредби се во фунција на остварување на автономијата на универзитетот. Двата члена 87 А и 99 се отфрлени затоа што за тие одредби Судот веќе се прознел во февруари 2013 година.

Судот ја отфли инцијативата поднесена за оценување на уставноста на одредбите од Законот за социјална заштита член 2, став 1 и член 22, став 2 затоа што утврди дека во инцијативата не се изнесени причини поради кои се оспорува едната одредба од Законот и со оглед дека утврди покренување на прашање за неусогласеност на една одредба од Законот со друга одредба од Законот, а што не е во надлежност на Уставниот суд.

Судот денеска расправаше за две одлуки на Регулаторната комисија за енергетика во врска со цената на вршење на дејноста снабдување со топллинска енергија од „Балкан енерџи“ донесена во февруари 2013 година и друга одлука донесена во јули 2013 година. Судот ја отфрли иницијатаивата во однос на одлуката донесена во февруари 2013 година затоа што утврди дека тој акт престанал да важи со донесување на одлуката од јули 2013 година. За втората одлука не поведе постапка затоа што со неа се разработуваат одредбите од тарифниот систем за испорака на топлинска енергија.

За Колективниот договор на воздухопловната навигација МНАВ донесен во декември 2012 година Судот расправаше за уставност и законитост на 12 члена од тој договор. За три члена Судот поведе постапка, за седум не поведе постапка и за два ја отфрли иницијативата. Поведена е постака за член 7, со кој се предвидува пополнување на слободни работни места да се врши врз основа на интерен оглас иако според член 22 од Законот за работни односи пополнувањето на слободните работни места може да се врши само преку на јавен оглас.

Судот поведе постапка и за член 46, став 5 каде утврди дека се предвидува со таа одредба, коефициентите за платите за различните звања да се дефинираат во анекс на колективниот договор кој е службена тајна иако според член 232 од Законот за работни односи колективните договопри се јавни и нивните делови неможат да бидат утврдени за тајни. Поведена е постапка за член 116, став 1 и 4 кој се однесува на тоа кои лица на репрезентативните и нерепрезентативните синдикати на МНАВ имаат право на заштита за нивните синдикални активноси каде се определува само двајца претставници од репрезентативните синдикати да имаат таква заштита и по еден претставник од нерепрезентативните синдикати. Судот поведе постапка затоа што утврди дека во членовите 199 и 200 од Законот за работни односи нема ограничување на бројот на претставниците на синдикатот кои имаат право на заштита за нивната синдикална активност ниту пак постои групирање на синдикатите на репрезентативен и репрезентативен.