/ Прочитано:

853

Уставниот суд заседава околу Законот за лустрација

Вторник, 21 мај 2013 – Во тек е подготвителната седница на Уставниот суд каде треба да бидат дообјаснети одредени правни и фактички прашања поврзани со уставноста на Законот за лустрација, пишува „Нова“. 

Поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, универзитетските професори Димитар Мирчев, Фросина Ременска, Љубомир Фрчковски, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски и претставници на институции и невладини организации присуствуваат на седницата и  во тек е изнесувањето на нивните гледишта околу Законот за лустрација, пишува порталот „Нова“. 

Судот во средината на месец март одлучи да се организира подгототвителна седница. Претходно, три иницијативи беа поднесени до судот и тоа од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од граѓани поединци (адвокатот Александар Петрушевски, правникот Стамен Филипов со кои се оспорува законот во целина како и одделни 14 члена.  Иницијативите се однесуваат на временскиот период што го опфаќа законот, опфатот на лицата кои би се лустрирале како процедуралните гаранции за лицата опфатени со лустрацијата.