/ Прочитано:

1.064

В.Д. ДЕКАНОТ САШО ГЕОРГИЕВСКИ ДО СТУДЕНТИТЕ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛЕТ: Нашиот факултет е дом на најдобрите студенти!

Времето кое е актуелно денес е време во кое Правниот факултет „Јустинијан Први“ одбележува 65 години од своето основање. Кога ќе погледнеме наназад, успесите што ги постигнува Факултетот, се темелат на посветеноста и ангажираноста на професорите, соработниците и административните служби низ целокупниот наставен и научен процес, вели во своето обраќање до студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски, в.д. декан на факултетот.

foto akademik

Драги студенти,

Вие кои како бруцоши зачекорувате на нашиот факултет, вие кои сте во текот на вашите додипломски, мастер студии и докторски студии, ви се обраќам вам, со верба во вас дека во нашите амфитеатри и предавални, придружувани од вашите професори, кои несебично и посветено ќе ви го пренесат своето знаење, ќе имате можност да го покажете најдоброто од себе.

Правниот факултет „Јустинијан Први“  е најавторитетна и најценета високообразовна институција во Република Македонија, која организира правни студии, политички студии, студии по новинарство и студии по односи со јавноста.

Ваквата врвна положба можеме да ја постигнеме со фактот дека нашиот факултет е дом на најдобрите студенти.

Времето кое е актуелно денес е време во кое Правниот факултет „Јустинијан Први“ одбележува 65 години од своето основање. Кога ќе погледнеме наназад, успесите што ги постигнува Факултетот, се темелат на посветеноста и ангажираноста на професорите, соработниците и административните служби низ целокупниот наставен и научен процес.

Овој јубилеј, кој е заслуга на сите нас, јас како декан очекувам да го покаже единството на Факултетот и посветеноста на неговата академска заедница во одговарањето на предизвиците кои се пред нас.

Новиот ректор на УКИМ го назначи проф. д-р Сашо Георгиевски за в. д. декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“