/ Прочитано:

1.635

Вежба на тема „Стандардизирани постапки при увид на место на настан кај сериозни кривични дела“

Среда, 6 март 2013 – Припадниците од баталјонот на воената полиција во соработка со Одделението за крим техника при МВР и Јавното обвинителство на Град Скопје денеска во касарната „Илинден“ ќе изведат методско огледна вежба на тема „Стандардизирани постапки при увид на место на настан кај сериозни кривични дела“.

Вежбата која ќе прикаже напад на ВИП личности при движење во колона, обезбедувана од припадниците на воената полиција. Се очекува да бидат употребени современи средства за криминолошка техничка обработка при вршење увид на лице место кои се користат за обележување на местото, фотографирање, правење кроки скица, пребарување, подигање и пакување на откриените траги.

Воедно е предвидено да се презентираат стандардните оперативни процедури во вакви ситуации, пружање прва помош од страна на медицинската екипа, интервенирање на единицата на АРМ за брзи интервенции со хеликоптер, како и повикување на одделението за сузбивање криминал.

На презентацијата ќе бидат присутни командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ бригаден генерал Методија Величковски, началникот на одделот за посебни единици на МВР генерал Сашо Митевски, Јавниот обвинител Марко Зврлески, Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје Јован Цветановски, командантот на полкот за специјални операции, командантите на првопотчинетите единици на ЗОК, високи претставници од МВР, Единицата за брзо распоредување на МВР и други гости.

Во текот на вежбата ќе бидат и демонстрирани и објаснети и процедурите за соработка со средствата за јавно информирање при вакви настани, како и одржување кратки изјави без нарушување на истражната постапка.