/ Прочитано:

817

Внукот на Тито го чека судење за сообраќајка од пред 20 години

Сабота, 12 мај 2012 – Внукот на Тито го чека судење во Загреб поради направена тешка сообраќајна незгода пред 20 години во Србија, во која погина неговиот пријател Гојко Поповиќ. Едвард Броз бара да му се суди во Загреб. Ќе одговора за загрозување на безбедноста на сообраќајот со смртни последици. 

Спрема српското обвинителство Едвард Броз на 20 август 1992 година кај Земун со своето возило обидувајќи се да престигне автобус и уште едно возило на патот, фронтално се судрил со друго возило. Во тешката сообраќајка загинал неговиот пријател, а негговиот син Жарко и Бојан Пејиќ биле тешко повредени.

Поради воената состојба во 1992 година, Броз не бил достапен на српското правосудсто. По 16 години во 2008 година тој бил уапсен на граничниот премин Батровци и истата година судењето почнало. Сепак Броз успеал да побегне во Хрватска.

Неговиот адвокат Владе Петровиќ за хрватски медиуми изјави дека Броз е спремен да си ја плати казната, па поднесено е барање до вишиот суд во белград предметот да се префрли на хрватскиот суд.

Окружното обвинителство во Белград го товари за загрозување на безбедноста на сообраќајот со смртни последици. Според тогашното вештачење утврдено е дека Броз бил пијан со 2,5 промили алкохол во крвта. Броз ги негираше информациите за неговото пијанство.