/ Прочитано:

735

Во академската 2013/2014 година запишани 57.746 студенти — економистите и правниците најбројни

Четврток, 17 јули 2014 – Во академската 2013/2014 година на додипломски студии и на високите стручни школи во Македонија се запишале 57.746 студенти, што претставува пораст за 1,5 проценти во однос на академската 2012/2013 година. На Правниот факултет „Јустинијан први“ се запишале вкупно 2.071 студент, од кои мнозинството или  1.296 се припаднички на понежниот пол.

Најголем број на студенти или 88.5% се запишани на државните високообразовни установи, додека 11.1 % се запишани на приватните високообразовни установи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 31.450 или 54,5 проценти од вкупно запишаните студенти се жени. 

Од статистиката може да се заклучи дека Македонците се вљубеници во  економијата и правото. Конкретно, во однос на правните факултети во земјава, предничи „Јустинијан први“ каде се запишале вкупно 2.071 студент, од кои мнозинството или  1.296 се припаднички на понежниот пол.

На Правниот факултет  при Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола  на додипломски студии се запишале 1.080 студенти, од кои 408 се мажи, а останатите жени.

Вкупно 312 студенти, од кои 206 се жени, а 106 мажи се запишале на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. 

На Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово пак се забележува малку поинаква статистика односно од вкупно 939 студенти кои се запишале на додипломски студии, мнозинството или 557 се припадници на посилниот пол. 

Универзитетот на Југоисточна Европа  – Тетово со вкупно 498 студенти, 186 жени и 312 мажи, кои се запишале на Правниот факулет го зазема првото место меѓу приватните универзитети во оваа категорија. 

Во прва година на студии, во академската 2013/2014 година, се запишани 19.173 студенти или 33,2 проценти. Во таа бројка се опфатени  и студенти кои по втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година, покажуваат податоците на Статистика.