/ Прочитано:

944

Врховниот суд на САД забрани патентирање на гени

Петок, 14 јуни 2013 – Врховниот суд на САД едногласно пресуди дека човечките гени отстранети од телото, не може да бидат патентирани од компании, но одлуката не се однесува на синтетички произведената ДНК.

 Одлуката на Врховниот суд се однесува на случајот што ја инволвира американската компанија „Маријад Џенетикс“ која е сопственик на патенти на два гена што индицираат дали жената се наоѓа во групата со зголемен ризик да добие рак на дојка или јајници.  Со тие патенти, компанијата обезбеди единствени комерцијални генетски тестови во САД за двата видови на болести. Пациенти заболени од рак и групи од областа на здравството се спротиставија на ексклузивното право на компанијата Маријад да врши тестирања за рак и пред четири години поднесоа тужби против компанијата. Со тоа што Врховниот суд одобри патентирање на вештачки креирана ДНК, одлуката не значи комплетен губиток за компанијата Маријад.