/Прочитано:

1.392

За турското правосудство, „Акшан”, една од водечките адвокатски фирми во Турција

Една од водечките адвокатски фирми во Турција – „Акшан”

Основана 1984 година во Истанбул, „Акшан денеска е една од водечките адвокатски фирми во Турција. Како главни адути ги наведуваат квалитетот, посветеноста и талентот на тимот што функционира во рамките на оваа фирма. На чело со основачот, Мухамед Акшан, овој тим е веќе докажан во многу области на правото.

За адвокатот тука ниту еден ден не е сличен на другиот. На пример, минатата недела подготвував неколку извештаи за ризик за еден од моите странски клиенти во врска со нивните проекти за недвижности. Г-динот Акшан и јас се сретнавме со еден потенцијален клиент кој е заинтересиран за преземање на една турска компанија за производство на земјоделска опрема. Јас ја финализирав пријавата до Tурското тело за конкурентност за да добиеме овластување за спојување на странска и локална фирма чиј годишен приход надминува 5 милиони турски лири. Напишав еден напис за нови одредби во турскиот Закон за облигации кој се однесува на извршноста на некои одредби од стандардизирани договори. Дури имав и време за вечера со колегите, нешто што се трудам да го правам еднаш неделно, раскажува адвокатката Оја Дениз Каваме.

Покрај обемнитe работни обврски, адвокатката Каваме најде време да нè прошета низ просториите на седумкатната зграда, да испие чај со нас и да нè запознае малку повеќе со турскиот правосуден систем.

Турските закони и регулативи се лесни и разбирливи за Европејците

Како и македонскиот правосуден систем, така и турскиот несомнено се доградува и развива особено заради натамошна хармонизација со Европското право и со Европските стандарди.

Одредени закони и регулативи се достапни електронски на англиски јазик

Турските закони и регулативи се лесни и разбирливи за Европејците од причина што турското право се базира на европското како дел од турскиот процес на аплицирање во ЕУ. Одредени закони и регулативи, на пример оние кои се поврзани со Законот за заштита на конкуренцијата се достапни онлајн на англиски јазик, но повеќето се преведени  и објавени во книги , вели Каваме.

Организација на судовите во Турција

„Судскиот систем во Турција е поделен на три главни категории: управни судови, кривични судови и граѓански судови. Секој од овие има одреден број судови, од прв степен до соодветни апелациони судови”, образложува Оја  Дениз.

(прочитај повеќе за организацијата на судовите во Турција)

Е судството, новина и во Турција

Е судството е новина и во Турција, но земајќи предвид дека се работи за држава чија популација изнесува околу 75 милиони, а пред судовите  поминале или се водат повеќе милиони предмети, нормално е нашата соговорничка неодамна воведениот „Информатичкиот систем за национално судство (ИСНС)”, да го нарекува амбициозен проект. „ИСНС вклучува база на податоци од судовите и од сите останати институции на Министерството за правда, меѓу кои и затворите. Системот овозможува пристап до легислативата, до одлуките на судовите, судските евиденции и судските податоци во однос на евиденциите од полицијата и војската. Дополнително,  услугата „Казанци” на адвокатите им овозможува пристап до целата легислатива и неодамнешните одлуки на турските судови. Овие податоци растат секој ден”, потенцира Каваме.

Турција оди во целост напред и резултатите се очигледни

Еден од најважните предуслови за привлекување на странски директни инвестиции е постоењето на цврста законска рамка и високи даночни стимулации.

Земјата оди во целост напред и резултатите се очигледни

Во поглед на инвестициите во Турција, Каваме ни го посочува неодамнешниот извештај на Светската банка. „Земјата во целост оди напред и резултатите се очигледни”, пишува банката во извештајот. Долгиот список на странски и домашни инвеститори во Турција, меѓу кои и инвестиции тешки по милјарди евра се само доказ  дека турската економија бележи раст.

„Владата ги поддржува инвестициите и дава високи стимулации за неразвиените региони. Стимулациите се достапни и за турските и за странските инвеститори.

Во моментов, даночни стимулации се следните:

  • ослободување од царински давачки за инвестиции во увезени машини и опрема, и трошоци поврзани со тоа;
  • инвестициска стимулација во форма на надоместок од 40-200% од инвестираната сума. Надоместокот се одбива од придонесите од даноци;
  • даночни ослободувања кои се однесуваат на давачки за маркици и други давачки, со што ќе се поттикне инвестирање и извоз;
  • ослободување од ДДВ за инвестиции во машини и опрема за увоз и локални набавки;
  • неданочни стимулации, како заеми со пониски каматни стапки;
  • слободните економски зони (СЕЗи) се направени за да се поттикне трговија со и од Турција. СЕЗи се третираат како да се надвор од Турција во однос на оданочувањето и царинските давачки. Како резултат на тоа, не се наплаќа данок на добивка за фирмите и данок на приход за платите на вработените, ДДВ и царински давачки за СЕЗи”, објаснува Каваме.

Автор: akademik.mk