/ Прочитано:

857

Хрватска: Незаконски земала дупло поголема плата, сепак Ивана Гораниќ со најголема подршка меѓу кандидатите за Народен правобранител

Понеделник, 11 февруари 2013 – Директорката на хрватската Правосудна академија Ивана Гораниќ, две години противзаконски земала плата од 3700 евра, стои во инспекцискиот извештајот на хрватското Министерство за правда. Без оглед на ова, на парламентарна комисија одржана минатата недела ја оценилa Гораниќ како најдобра во конкуренција од 12 кандидати во трката за Народен правобранител. 

Ивана Гораниќ, актуелната директорка на Правосудната академија во Загреб од минатата недела во конкуренција меѓу 12 кандидати влезе во трката за функцијата Народен правобранител. И покрај тоа што пред неколку месеци во септември, хрватското Министерство за правда го обелоденило извештајот на инспекцијата што открила дека Гораниќ две години преку додатоци и стимулации против законски земала плата од 3700 евра. Членовите на Парламентарната комисија за Уставот, минатата недела и дале 8 гласови, од сите кандидатите Гораниќ имала најголема подршка.

Во извештајот на инспекцијата од Министерството за правда стои дека коефициентот за пресметка на платата на јавните функционери е 3,50, но цели две години платата на Гораниќ се пресметувала по коефициент 5,12. Иако извештајот е веќе објавен пред неколку месеци и целата Правосудна академија каде на врвот седи елитата на хрватското правосудство, е запознаена со фрапантната плата на директорката, сепак освен намалување на коефициентот, Гораниќ не сносила никаква одговорност. Ситуацијата не ја одвратила и од кандидатурата на Народен правобранител. 

Минатиот петок, парламентарната комисија требала да одлучи меѓу двете кандидатки кои влегле во потесниот круг, Ивана Гораниќ и Лора Видовиќ, шефицата на канцеларијата на УНИЦЕФ во Загреб за фотелјата на Народниот правобранител, но терминот за избор е одложен на неопределен период.