/ Прочитано:

784

Закана за поставена бомба во Апелациониот суд во Атина

Понеделник, 11 март 2013 – Грчката полиција доби предупредување за поставена бомба во зградата на Апелациoниот суд во Атина, откако непознато лице се јавило во редакцијата на весникот „Елефтеротипија“.

Судската зграда веднаш била евакуирана, а околните улици се блокирани за сообраќај.

Телефонски повик за бомбата добило и едно атинско радио, каде непознатото лице рекло дека експлозивната направа ќе биде активирана во рок од три часа. 

Синоќа, пак, бомба експлодирапред просториите на компанијата за брза пошта „Свифт мејл“ во Атина, при што е причинета само материјална штета.