/ Прочитано:

1.268

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ФЕВРУАРИ 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец февруари 2016 година, заедно со целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

akad 4

На 01.02.2016 година стапуваат во примена одредби од Законот за основното образование, Законот за средното образование,  Законот за спортска академија, кои се однесуваат на условот за положен психолошки тест и тест за интегритет.

На 03. 02. 2016 година стапуваат во примена одредби од Закон за високото образование во врска со обврската на  Универзитетот или единица во негов состав, како и високообразовна школa, да склучи најмалку два договора за двојна диплома (double degree) или заедничка студиска програма (joint degree) со Универзитет од првите 500 високо рангирани универзитети согласно со Шангајската листа.

На 29.02 2016 година стапуваат во примена одредни од Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Исто така, на 29.02.2016 година , престанува да важи Законот за издавање на вредносни бонови – ваучери.

Целосен табеларен преглед на законските и подзаконските прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец февруари 2016 година