/ Прочитано:

1.380

НОВОСТИ ВО ПРОПИСИТЕ

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ЈАНУАРИ 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јануари 2016 година, заедно со целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

???

Закони

На 1 јануари 2016 година стапуваат во примена одредби Закон за данокот на додадена вредност, Законот за основното образование,  Законот за пензиското и инвалидското осигурување,  Законoт за катастар на недвижности, Законот за јавните набавки, Законот за процена, Законот за судовите, Законот за општата управна постапка, Законот за технолошки индустриски развојни зони, Законот за музеите, Законот за библиотеките, Законот за животната средина, Законот за спортот, Закон за минимална плата во Република Македонија, Законот за водите, Законот за социјалната заштита. На 31 јануари 2016 година стапуваат во примена одредби од Законот за парничната постапка, на 8 јануари стапуваат во примена одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на  31 јануари 2016 година стапува во примена Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, а на 30 јануари 2016 година престанува да важи Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија…

Целосен табеларен преглед на законите и подзаконските акти чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2016 

Подзаконски акти

На 1 јануари 2016 година стапува во примена Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за примените барања за извршување, Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации на јавните установи за социјална заштита – домови за стари лица за 2016 година, Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2016 година, Уредбата за методологијата за распределба на наменски дотации плати и додатоци на плати за вработените во територијалните противпожарни единици за 2016 година, член 5 од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за пренос на средствата во Фондот на ПИОМ, Целата одлука, освен глава III на Одлуката за сигурноста на информативниот систем на штедилница, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за управување со кредитниот ризик, Одлуката за висината на средствата за финансирање на активните политики и мерки за вработување, Политиката за управување и инвестирање на девизните резерви на Република Македонија. На 1 јануари 2016 година престануваат да важат Правилникот за формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за примените барања за извршување и  политика за чување и управување со девизните резерви на Република Македонија…

Целосен табеларен преглед на законите и подзаконските акти чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2016