/Прочитано:

544

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец MAJ 2015

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец мај 2015 година, заедно со деталниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

zolta

На 20 мај стапува во примена Законот за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија. Со овој закон се уредуваат постапката за изборот на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија (дисциплинска постапка и постапка за нестручно и несовесно работење, во согласност со закон), начинот на остварување на неговите функции, изборот, престанокот, одлучувањето и други прашања поврзани со работата на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

На 20 мај стапува во примена Законот за Академијата за судии и јавни обвинители. Со овој закон се основа и се уредува работењето на Академијата за судии и јавни обвинители како јавна установа за прием и стручно усовршување на кандидатите за судии и јавни обвинители, континуирана обука и унапредување на стручноста на судиите и јавните обвинители, континуирана обука на стручните служби во судството и јавното обвинителство, обука на субјектите кои учествуваат во спроведување на законите од областа на правосудството, вршење на аналитичка дејност од областа на правосудната теорија и практика, органите на управувањето и финансирањето на Академијата.

На 20 мај стапуваат во примена одредби од Законот за судскиот совет на Република Македонија, членовите од 1 до 29 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судскиот совет на Република Македонија, кои се однесуваат на дисциплинска одговорност на судиите, одржувањето на седниците по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите и судовите, определувањето на известител, расправата по барањето утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција, кандидатите за генерален секретар.

На 1 мај престанува да важи Одлуката за основање Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт.

Преглед на законски и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај