/ Прочитано:

1.708

„Законите треба да бидат засновани на реалните состојби, а не на желбите на поединци“ – се бараат измени на прописите од областа на заштитата при работа

Групацијата за безбедност и здравје при работа ги дефинираше програмските активности за 2017 година. Членките на Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора како приоритетни активности ги нагласуваат активностите за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа.

slika

„Во согласност со моменталните актуелни состојби, фирмите од оваа дејност се соочуваат со сериозни проблеми во своето работење кои произлегуваат од сегашната законска регулатива и од донесените правилници. Сегашната законска регулатива не соодветствува со моменталните актуелни состојби во дејноста, за што се сугерираат системски измени на сегашниот Закон и на подзаконските акти или донесување на нови законски решенија за заштита при работа“, велат од Групацијата.

За Групацијата проблематични се и одредбите од Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа. Со овој правилник, велат од Групацијата, се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејност.

„Исто така, во Правилникот не се опфатени дел на работи кои се извршуваат при мерења за имплементирање за безбедност и здравје при работа. Со примената на овој правилник забележани се и некои неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на овие стандарди во определени компании и установи, цени кои се под минимумот од оние утврдени со важечкиот Правилник“, посочуваат од Групацијата за безбедност и здравје при работа.

Во таа насока од Групацијата посочуваат дека покрај промена на законската регулатива за безбедност и здравје при работа и нејзино повторно приближување кон законодавството на ЕУ,  потреба е и промена на, како што велат,  недоречените и конфузни подзаконски акти.

При подготовката на законските решенија и прописи, сугерираат од Групацијата, потребно е поголемо вклучување на сите учесници во безбедноста и здравјето при работа. Законите, велат од Групацијата, треба да бидат засновани на реалните состојби, а не на желбите на поединци.

M.В