Заштитениот сведок преживеал стрелање кај Зворник
Четврток, 19 јули 2012 – Заштитениот сведок во хашката судница раскажал за случувањата од 13 јули кај Зворник, неговото преживување и стрелањето на муслиманите од Сребреница од страна на српските сили.
Неговите возрасни синови кои со другите мажи се обиделе да ја пробијат шумата кај Тузла не биле војници, но тој никогаш повеќе не ги видел живи. Нивните посмртни останки се пронајдени во гробниците кај Зворник. Тој од Поточари заедно со други десетина мажи бил однесен во Братунац кадешто поминал два дена затворе во училиште без храна и многу малку вода. Потоа сведокот заедно со другите мажи на 15 јули бил префрлен во селото Пилица, кај Зворник, иако српските сили им рекле дека ќе ги депортираат во Тузла. Следниот ден на пладне српските војници им ги врзале рацете и ги однеле н фармата во Брањево. Кога стигнале таму заштитениот сведок видел безживотни тела и слушал отсрели од пушки. Им наредиле да легнат на земја и врз нив бил отворен оган од автматски оружје. Тој не бил погоден, но некое време лежел на земјата заедно со другите мртви тела. Подоцна некако успеал да ги одврзе рацете и заедно со уште 4-ца успеале да избегаат.
После неколку дена се предал на војната полиција на српската војска и бил однесен во логорот Батковиќ, кај Бјелине, кадешто бил ослободен есента 1995 година.
Сведокот сугерирал дека на местото на злосторствата го видел Ратко Младиќ, но обвинителот се изјаснил дека нема да се потпира на овој дел од неговиото сведочење. Сепак, бранителот на Младиќ, Миодраг Стојановиќ извадил список со припадниците на војската на Босна и Херцеговина. На списокот бил запишан и неговиот син, на ова сведокот изјавил дека можно е син му да бил на пописот за одење во војска. Според обвинението на фармата за пилиња кај Брањово се застрелани 1000 муслимани на 16 јули 1995 година.