/ Прочитано:

714

Збирка на „Пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и судот на правдата на ЕУ“

Вторник, 19 ноември 2013 – Збирка на „Пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и судот на правдата на Европската унија“ ќе ја промовираат денеска Академијата за судии и јавни обвинители и Комисијата за заштита од дискриминација во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Промоцијата на Збирката ќе се одржи во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, а истата е дел од активностите содржани во Меморандумот за соработката кој го потпишаа директорите на Академијата за судии и јавни обвинители и Комисијата за заштита од дискриминација, со кој се предвидува и одржување на обуки, семинари и советувања посветени на правото и механизмите за заштита од дискриминација.

На промоцијата се поканети судии и јавни обвинители од сите инстанции, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на други релевантни институции.

Со воведно обраќање пред присутните промоцијата ќе ја отворат амбасадорт Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, директорот на Комисијата за заштита од дискриминација,  Душко Миноски и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители,  Анета Арнаудовска.