/ Прочитано:

1.730

Дали социјалната пензија ќе ја намали сиромаштијата на старите лица

Социјалната пензија, во формата во која е предложена во Предлог-законот за социјална сигурност на старите лица, нема да ја подобри релативната сиромаштија, додека апсолутната сиромаштија ќе ја искорени во целост помеѓу населението над 65 години, анализира Фајнанс тинк.

„Социјалната пензија има благ позитивен ефект врз доходната еднаквост во Северна Македонија. Условот за примање на социјалната пензија за брачниот или вонбрачниот партнер да нема никакви приходи е престрог и оневозможува постигнување на главната поставена цел на социјалната пензија, односно извлекување на овие лица од релативна сиромаштија“, посочуваат од Фајнанас тинк во анализата „Дали социјалната пензија ќе ја намали сиромаштијата на старите лица?“

„Оттука, доколку целта е да се намали релативната сиромаштија, Владата може да размисли за благо олабавување на овој критериум, односно да допушти еден или и двата од следните критериуми:

– брачниот или вонбрачниот партнер да има примања по основ на пензија или други примања, но во таков случај социјалната пензија да се определи во висина според која вкупниот доход во семејството нема да надминува 10.600 денари.

Со ова ќе се овозможи лицето да прима социјална пензија и во случаи кога партнерот остварува минимална старосна, инвалидска или земјоделска пензија, како и во ситуации кога стекнало некое друго право од социјална помош;

– кога двајца брачни или вонбрачни партнери го исполнуваат старосниот услов да примаат вкупен износ на социјална пензија од 10.600 денари (односно 6.000 денари за првиот примател, 4.100 денари за вториот примател и 500 денари за енергетските трошоци)“, се вели во анализата.

„Погорното олабавување треба да се преоцени во поглед на фискалните импликации, и особено имајќи предвид дека со тоа мерката може да стане скапа споредено со резултатите кои би ги произвела. Исто така, пожелно е Владата да изврши посебна анализа за ‘судирот’ на земјоделската и социјалната пензија. Со оглед дека износите на земјоделските пензии се блиски до износот на предложената социјална пензија, социјалната пензија може да обесхрабри земјоделци да вршат самопријавување и уплати на социјални придонеси кои се неопходни за да го стекнат правото на земјоделска пензија“, додаваат од Фајнанс тинк.

Во тој контекст, посебно треба да се осигури дека земјоделците нема намерно да се ослободуваат од земјоделски имот непосредно пред навршувањето 65 години со цел да се стекнат со социјална пензија, доколку одлучиле да не се осигурат како земјоделец.

Кои лица ќе може да го остварат правото на социјална пензија според новиот Предлог-закон

Граѓанските организации бараат во Собранието итно да се стават на дневен ред законите  за социјална заштита и за заштита на децата

Објавен текстот на Предлог-законот што предвидува социјална пензија на стари лица

Јавна консултација за Предлог-законот за социјална заштита

Извештај за предлог-реформата на системот на социјална и детска заштита

Ќе се менуваат законите за пензиското осигурување и за придонесите од задолжително социјално осигурување

Во подготовка Закон за социјална сигурност за старите лица: Посебно парично давање за старите лица кои не оствариле пензија

Во подготовка Закон за социјалната заштита, чија цел е подобрена ефикасност на социјалните услуги

М.В