/ Прочитано:

2.153

Измени на Законот за данокот на личен доход по скратена постапка

Во собраниска процедура се измените на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка. Предлагач на измените е Владата.

„Целта на предложените измени на Законот за данокот на личен доход е да се пропишат законски решенија во функција на поддршка на обврзниците во справувањето со последиците од вирусот ковид-19. Предлог-законот ги содржи следниве решенија:

– ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година за обврзниците на данокот на личен доход по основ на остварен доход од самостојна дејност и кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на вирусот ковид-19 и

– 50% пониски аконтации на данокот на личен доход во 2021 година за лицата кои остваруваат доход од вршење на занаетчиска дејност и се оданочуваат според паушално утврден нето доход“, се посочува во законското образложение.

Измени на Законот за данокот на личен доход за понатамошна поддршка на самостојните вршители на дејност

М.В