< 2023 >
May
MoTuWeThFrSaSu
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
  • 10:00 -14:00
    31/05/2023Europe/Skopje

    На 31.05.2023 година (среда), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Практична примена на Законот за јавните набавки, предизвици со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори во пракса и правната заштита“.

    Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите предизвици со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

    Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи, како и на правната заштита што, меѓу другото, опфаќа право на жалба и странки во жалбената постапка, правила за докажување, креирање на е-жалба, итн.

    Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите предизвици, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

    Предавач на обуката ќе биде Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

    Агенда

    Предизвици со кои се соочуваат договорните органи при изготвување на тендерската документација

    • Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса
    • Изготвување на техничка спецификација
    • Средства за обезбедување

    Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користените)

    • Набавка од мала вредност
    • Поедноставена отворена постапка
    • Отворена постапка
    • Постапка со преговарање без објава на оглас
    • Набавка на посебни услуги

    Правилна евалуација на понудите

    • Како се докажува способноста на економските оператори?
    • Што е дозволено да се дополнува и појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
    • Како се утврдува невообичаено ниска цена
    • Користење способност од други субјекти (групна понуда, поддршка и подизведување)
    • Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки
    • Управна контрола – кога се применува

    Предизвици со кои се соочуваат економските оператори

    • Изготвување на понудата
    • Потпишување на понудата
    • Пополнување на техничка спецификација

    Правна заштита

    • Право на жалба и странки во жалбената постапка
    • Правила за докажување
    • Изјавување жалба и рокови за изјавување жалба
    • Битни повреди на законот и други повреди на законот и материјалните прописи
    • Креирање на е-жалба
    • Одлуки на Државната комисија за жалби по јавни набавки

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 30.05.2023 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    +389 071/23 23 42 и
    +389 071/23 25 93.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.