/ Прочитано:

921

АКАДЕМИК ОБУКА со физичко присуство: „Ефективна комуникација и преговарачки вештини“

На 30.06.2022 година (четврток), од 10:00 до 16:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Ефективна комуникација и преговарачки вештини“.

Брзиот ритам на живеење, стресот, различните очекувања и емоционалната слика за себе и за луѓето околу нас директно влијаат на нашата секојдневна интеракција со другите и начинот на кој воспоставуваме релации и комуницираме. Комуникацијата и преговарањето се вештини кои ги развиваме уште од нашето раѓање, а сепак низ годините не успеваме да ги усовршиме. Клучните дилеми кај повеќето луѓе се насочени кон потребата да комуницираат лесно и опуштено со другите, и како да бидат подобри во водењето на преговори, било да се работи за договор за вработување, за соработка, продажба и сл.

Целта на оваа обука е да ви понуди практични и применливи алатки со кои ќе можете да ја подобрите и усовршите својата комуникација со другите, било да работите самостојно или во тим. Дополнително, ова е уникатна прилика да ги процените своите преговарачки вештини и да ги осознаете начините како да се справите во различни ситуации.

Научете едноставни техники, чекори и процеси за секојдневна употреба, кои ќе ви помогнат како во вашиот приватен живот така и во вашето професионално опкружување. Совладајте ги тајните на ефективната комуникација и стекнете се со најважните преговарачки техники.

Што може да очекувате од обуката:

    • Подобрување на начинот на градење на релации
    • Вештина за активно слушање
    • Препознавање на личниот стил на комуникација
    • Сет од применливи алатки за ефективна комуникација
  • Кој е вашиот преговарачки стил
  • Win-win преговарачки вештини
  • Што претставува баланс на моќ во преговорите
  • Совети за полесно справување со манипулациите во преговорите
  • Практични индивидуални и групни вежби
  • Реални студии на случај за примена на алатките кога се работи за комуникација и преговарачки вештини.

Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници ќе биде ограничен.

Предавач

Катерина Златановска Попова – кариерен советник, обучувач за меки вештини, Point of you© коуч, DISC FLOW тренер и консултант за човечки ресурси, која повеќе од 20 години е активно вклучена во програми за едукација на млади и возрасни преку формално и неформално образование, работејќи како професор, предавач, сертифициран обучувач на возрасни, советник за развој на кариера и експерт за развој на човечки потенцијал. Поседува државен сертификат за обучувач на возрасни, GCDF Советник за кариерен развој, SDI (Strengths Deployment Inventory) фасилитатор, Point of you© коуч, сертификат за DISC FLOW меѓународната алатка која ги обединува однесувањето и емоционалната интелигенција, консултант за човечки ресурси – Регрутација и селекција врз база на компетенции. Претседател е на Собранието на  Асоцијацијата на советници за развој на кариера, АСК Скопје.

Агенда

10.00 – 10.15     Добредојде и кусо претставување на учесниците и обучувачката Катерина Златановска Попова

10.15 – 10.45     Сесија 1 – Вовед, очекувања од обуката, активности за „одмрзнување“

10.45 – 11.30     Сесија 2 – Што претставува ефективна комуникација – клучни елементи на добрата комуникација

11.30 – 11.45     Кафе пауза

11.45 – 13.00     Сесија 3 – Комуникациски стилови – продуктивна и непродуктивна комуникација

13.00 – 13.30     Пауза

13.30 – 14.45     Сесија 4 – Различни преговарачки стилови и баланс на моќта во преговорите

14.45 – 15.00     Кафе пауза

15.00 – 15.45     Сесија 5 –  Win-win преговарачки вештини – чекори за подготовка, план и справување со манипулациите

15.45 – 16.00     Евалуација, прашања и одговори, затворање на обуката

 

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество за едно лице е 3.200 денари со вклучен ДДВ.

Повластена цена за сите млади до 27 години со 50% попуст, односно 1.600 денари со вклучен ДДВ по учесник.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 29.06.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

+389 02 3221 091 и

+389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта, телефонскиот број на учесникот за контакт и задолжително една од двете фрази: „Учесникот (име и презиме) е на возраст до 27 години“ или „Учесникот (име и презиме) е на возраст над 27 години“.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.