/ Прочитано:

2.089

АКЦИЈА „КОЈОТ“: Предистражна постапка за група што шверцувала мигранти

„Во рамките на акцијата, а во насока на пронаоѓање траги и предмети важни за кривичната постапка, се вршат претреси на повеќе локации во Велес и во други населени места“, велат од Обвинителството.

Мигранти

Утринава Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција спроведува акција за сузбивање на група што се занимавала со шверцување мигранти. Акцијата со која раководи Обвинителството, во соработка со правосудната полиција – МВР РМ Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, се води под името „Којот”, информираат од Обвинителството.

Имено, со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува повеќе кривични дела, и тоа: организирање на група и поттикнување на извршување на делата: трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл. 418-в, криумчарење мигранти од чл. 418-б, разбојништво од чл. 237 ст. 4 в.в. со ст. 1, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 3 в.в. со ст. 1 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст. 3 в.в. со ст. 1 и 2 од Кривичниот законик.

„Во рамките на акцијата, а во насока на пронаоѓање траги и предмети важни за кривичната постапка, се вршат претреси на повеќе локации во Велес и во други населени места“, велат од Обвинителството.