На 09.04.2024 година (вторник), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Канцелариско и архивско работење“.
- Дали управувањето со документите го имате усогласено со Законот за архивски материјал и со неговите подзаконски акти?
- Дали користите конвенционални модели на канцелариско и архивско работење и/или електронски системи за управување со документи и податоци?
- Какви модели користите за чување и заштита на архивскиот и документарниот материјал?
- Дали имате обезбедено јавно достапни информации/документи за дејности и/или услуги за коишто сте надлежни?
Онлајн обуката за канцелариско и архивско работење, во организација на Академик, ќе ви обезбеди целосна информација за законските рамки за оваа дејност, но и ќе ве воведе во сите неопходни техники за управување со документите во канцелариското и архивското работење, што претставува столб за чување и заштита на податоците и информациите што се создаваат во текот на работењето на правните лица и со кои се обезбедува чување на институционалната меморија на правните лица и пошироко придонесува за зачувување на колективната меморија на нашето општество.
Оваа значајна обука која е неопходна за секое правно лице, ги покрива сите сегменти на канцелариското и архивското работење, како на имателите на јавен архивски и документарен материјал, така и на приватните правни лица, но и на физичките лица со јавни надлежности.
Кои ќе бидат темите на обуката? Преку оваа обука:
- ќе добиете прецизни информации за законските услови што треба да ги следите во управувањето со документите,
- ќе ве воведеме во деталните техники на деловодничкото работење,
- ќе ви ги презентираме моделите на безбедно движење на документите во текот на работните процеси во канцелариското работење,
- ќе добиете насоки за креирање политики на управување со документите и валоризација на документите преку дефинирање на листи на документи од трајна вредност (историски документи) и листи на документи со рокови на чување,
- ќе ви дадеме насоки за безбедно чување и заштита на документите во архивското работење, и
- ќе ви ги презентираме законските норми за обезбедување отчетност и транспарентност во работењето преку почитување на законските норми за достапност на документите создадени во текот на работењето на правните лица.
Обуката е наменета за одговорните лица кои работат на техничка обработка на документите во кацелариското и архивското работење, како и за раководни лица од јавниот и приватниот сектор кои се задолжени за градење политики за управување со документите.
Предавач на оваа обука ќе биде Сузана Стамболиска - експерт за канцелариско и архивско работење, со над 20 години работно искуство во оваа област и поранешен раководител на Одделението за инспекциски надзор во Државниот архив - виш инспектор за архивски материјал.
Агенда
- Законски и подзаконски акти за управување со документите во канцелариското и архивското работење
- Основни техники на канцелариско работење
- Валоризација на документите и основни техники на архивско работење
- Електронски системи за управување со документи – електронски деловодници и EDMS
- Измени во подзаконските акти за канцелариско и архивско работење и нивното влијание во унапредувањето на дигиталното управување со документите
- Дискусија со учесниците и практични примери за надминување на предизвиците со кои се среќаваат јавните и приватните правни лица во текот на секојдневното управување со документите
Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 08.04.2024 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
- +389 071232342 и
- +389 071232593.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете прашалник и покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.