/Прочитано:

69

Обука за заштита на личните податоци

View Calendar
19/03/2020 10:00 - 15:00

Обука за заштита на личните податоци

 

На 19 март Академик ќе одржи еднодневна обука на тема „Новиот Закон за заштита на личните податоци“. Предавач на обуката ќе биде Ангел Наковски, долгогодишен експерт од областа на заштитата на личните податоци.

На 24 февруари 2020 година влезе во сила новиот Закон за заштита на личните податоци. Со законот се донесени повеќе значајни решенија кои се однесуваат на начелото на отчетност и одговорност при обработката на податоците; потоа опфатени се  дополнителните обврски за контролорите, односно обработувачите; воведен е контролен механизам на органите за заштита на личните податоци; пропишани се неопходните ресурси за ефективно извршување на функциите и овластувањата на обработувачите, како и други одредби и законски мерки кои директно ќе се одразат во областа на заштитата на личните податоци.

Спонзориран текст