На 27.10.2021 година (среда) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „ЕФИКАСНО ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде Елизабета Недановска – правник и експерт за комуникација, која работи во оваа област повеќе од 20 години.
Вештината за јавно говорење и одлична лична презентација може да биде главната разлика меѓу постигнувањето успех или неуспех. За многу професии е многу значаен и суштествен дел за напредување. Но, јавното говорење не е природно стекната вештина. Токму затоа Академик ќе одржи обука на тема „ Ефикасно јавно говорење“, преку која слушателите ќе имаат можност за кратко време значително да ги подобрат својата самодоверба, да научат да управуваат со емоциите и говорот на телото. Вештината на јавно говорење и разбирањето на културата на изразувањето се клучот на успехот денеска, кога личниот настап е битен сегмент во градењето на довербата кај слушателите, деловните партнери и општата јавност.
Идеалниот настап, при деловни состаноци, раководење со човечки ресурси, презентација на производи, можности за напредување во кариерата или пак пред медиумите, опфаќа повеќе елементи. Обуката ќе ве подготви за силна и моќна интерпретација на вашите искуства и ставови, со правилно осмислување и креирање на содржината на пораката, правилна употреба на вербалната и невербалната комуникација, соодветна мотивација, флексибилност и одличен стил.
Агенда
- Јавно говорење – подготовка
- Анализа на слушателот / целни групи
- Интерес на јавноста
- Одлики на добриот говор
- Елементи на говорот
- Намерно стимулирање на значења во умот на другиот
- Вербален говор
- Правила на вербалниот говор (такт, интонација, модулација, артикулација, боја, висина....)
- Гласот како алатка
- Постигнување ефект
- Невербален говор
- Скриени пораки
- Говорот на телото
- Контакт со очи, држење, допири....
- Надминување на тремата и стресот
- Алатки и трикови
- Подготовка
- Надминување на незгодни прашања и ситуации
- Начини и вештини за разрешување
- Што понатаму?
- Прашања, консултации, дискусија
Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.
Цената за учество на обуката
Цената за учество за едно лице е 3.800 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 26.10.2021 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
- +389 02 3221 091 и
- +389 02 3122 308.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.
Објаснување за платформата ZOOM
Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:
- електронски уред (компјутер, таблет итн.),
- стабилна интернет-врска,
- микрофон и звучници (или слушалки).
Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.
За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.