/ Прочитано:

109

ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „Конкурентската клаузула согласно Законот за работните односи, судската пракса и компаративни искуства“

View Calendar
23/04/2024 10:00 - 12:00 Europe/Skopje

На 23.04.2024 година (вторник), од 10:00 до 12:00 часот, Академик ќе одржи онлајн работилница на тема: „Конкурентската клаузула согласно Законот за работните односи, судската пракса и компаративни искуства“.

Конкурентската клаузула, односно договорната забрана за конкурентско дејствување, претставува еден вид на механизам за заштита на интересите на работодавачот од нелојална конкуренција. Меѓутоа, истовремено, со конкурентската клаузула треба да се заштитат и правата и интересите на работникот и таа не може и не треба да се користи како средство за заплашување или принуда кон вработените во контекст на остварувањето на нивните права од работен однос.

Со оглед на тоа што оваа клаузула во праксата станува се почесто составен дел од договорот за вработување на се поголем број вработени, целта на оваа работилница е да се продискутира дали таа правилно се применува, кои се законските услови за нејзина примена, кои се вработените на кои таа се однесува, колку работодавачите се спремни во пракса да ја ефектуираат клаузулата, односно да го платат надоместокот, или по што оваа клаузула се разликува од конкурентската забрана. Покрај дискусија за овие дилеми и прашања, во текот на работилницата ќе видиме и каква е нашата досегашна судска пракса за ова прашање и какви се некои од компаративните искуства во регионот.

Темите кои ќе бидат опфатени со оваа работилница, меѓу другото, ќе вклучат:

  • запознавање со законските одредби што ја регулираат конкурентската клаузула,
  • разлика помеѓу конкурентската клаузула и конкурентската забрана,
  • за кого е наменета конкурентската клаузула,
  • на што треба да внимаваме при склучувањето на договорите за вработување и отказ на договорот за вработување со вклучена конкурентска клаузула,
  • одлуки на судовите на Република Северна Македонија во споровите за употреба и повреда на конкурентска клаузула,
  • компаративни решенија од соседните земји за регулирање на конкурентската клаузула.

Оваа работилница е дизајнирана така што, покрај можноста за добивање на нови сознанија преку воведните презентации на нашите експерти, таа првенствено ќе ви овозможи вам да ги поставите сите прашања и да ги отворите дилемите што сакате да бидат продискутирани во врска со практичната примена на конкурентската клаузула.

Работилницата ќе ја водат мСветлана Нечева, адвокат со долгогодишно искуство во Адвокатското друштво Пепељугоски и Снежана Митревска – адвокат во Адвокатското друштво Пепељугоски со долгогодишно искуство во областа на работните односи.

Цената за учество за едно лице е 3.900 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на работилницата.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 22.04.2024 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за работилницата може да се добијат на телефоните:

  • +389 071232342 и
  • +389 071232593.

Во пријавата за учество на работилницата треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на работилницата и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Работилницата ќе се спроведува преку платформата ZOOM.

Учесниците добиваат електронски материјали од работилницата и е-сертификат за учество.