/ Прочитано:

805

Информација за најновите макроекономски показатели

Народната банка ја објави  Месечната информација за најновите макроекономски показатели – јануари 2021 година.

  •  Со почетокот на вакцинацијата за заштита од ковид-19 се зголеми оптимизмот кај економските субјекти во однос на очекувањата за глобалниот раст на среден рок. Сепак, и понатаму постои високата неизвесност, како и ризици поврзани со развојот на пандемијата и нејзиното времетраење.
  •   Во однос на економската активност во четвртиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот октомври-ноември 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни.
  • Стапката на инфлација во домашната економија во 2020 година се задржа на ниско и стабилно ниво од 1,2% што е речиси во целост согласно со нашите проекции.
  •  Девизните резерви во 2020 година остварија раст и се за околу 100 милиони евра повисоки од нашите проекции, одржувајќи се во сигурната зона.
  • Натамошен солиден годишен раст на вкупните депозити и вкупните кредити во 2020 годинаКредитната активност е во рамки на очекувањата, додека кај депозитите се оценува надминување на проекцијата.
  •  Согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходните оцени.

М.В