/ Прочитано:

1.188

Измени на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот. Целта на законските измени, посочуваат од Министерството, е усогласување со Амандманот 33 од Уставот на Република Северна Македонија.

Во Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, се пропишува во законските измени, во насловот на законот зборовите „Македонската банка за поддршка на развојот“ се  заменуваат со зборовите „Развојната банка на Северна Македонија“.

Инаку, со Законот за Македонската банка за поддршка на развојот се уредуваат целите, задачите, активностите, работењето и организацијата на Македонската банка за поддршка на развојот.

Целта на Македонската банка за поддршка на развојот е да го поддржува и да го поттикнува развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на Република Македонија. МБПР е акционерско друштво во кое Република Македонија е единствен акционер.

М.В