Јавното обвинителство: Еден обвинет затоа што чувал марихуана во тегли од лутеница и ајвар
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес на домот на обвинетиот во Влае, на 14 декември 2019 година, беа пронајдени 28,66 грама наркотична дрога – марихуана, како и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и психотропни супстанции. Обвинетиот 27-годишен скопјанец дрогата ја чувал во стаклени тегли со натпис ‘лутеница’ и ‘ајвар’.
Поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.“