Кривичен суд: Одобрен обвинителниот акт за сообраќајната несреќа кај „Сити мол“
„Со оглед на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт поврзан со сообраќајната несреќа која на 20.01.2022 година се случи пред трговскиот центар Сити мол во Скопје, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост. Врз основа на оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр 496/22 кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа истиот ќе биде објавен на веб страната на судот во делот Календар на судења“, соопштуваат од Судот.