/ Прочитано:

2.035

МВР: Меѓународна потерница за Грујевски и Бошковски

Министерството за внатрешни работи објави соопштение, според кое е распишана меѓународна потерница за осомничените во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски.

„Вчера, 26 јули 2017 година, во 21 часот Апелациониот суд во Скопје до Министерството за внатрешни работи достави наредби за спроведување на Г. Г. и Н. Б. во Истражниот затвор Скопје. Иако телефонски, Судот во 17 часот го извести МВР дека ќе бидат испратени наредбите, тоа се случи дури во 21 часот, кога МВР можеше да постапи во согласност со своите законски овластувања.

Веднаш беше распишана национална потерница со која се спроведоа активности за приведување на осомничените. Tимовите на Министерството извршија проверка на објектите на адресите кои се пријавени како места на живеење на осомничените и проверки на повеќе локации на територијата на Република Македонија, поточно во Скопје, Велес и Охрид, за кои имаше оперативни сознанија дека осомничените ги користат за криење. Со оглед на тоа дека не беа пронајдени, МВР, во согласност со законските надлежности, побара од Судот согласност за распишување на меѓународна потерница и по наредба на Судот веќе е распишана меѓународна потерница за Г.Г. и Н.Б.“, се вели во соопштението на МВР.

Вчера Врховниот суд на Република Македонија донесе решенија со кои беа одбиени жалбите на бранителите на Грујевски и Бошковски и ги потврди решенијата на Апелациониот суд Скопје за определување на мерка притвор во траење од 30 дена.

М.В