/ Прочитано:

1.413

МВР во потрага по Сашо Мијалков, кому му е определен куќен притвор

На барање на Обвинителството, а во врска со предметот „Таргет – Тврдина“, Кривичниот суд му определи куќен притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Според информациите, Министерството за внатрешни работи не успеало да му го врачи решението за куќен притвор, односно не успеало да го пронајде на повеќе адреси.

Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина“ е обвинет за злосторничко здружување, за злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание. Обвинителството бара максимални казни. На 26-ти овој месец треба да биде изречена пресудата за предметот.

M.В