Среда, 16 април 2014 – Секогаш актуелните прашања од работните односи и трудовото право овојпат ќе бидат тема на АКАДЕМИК ОБУКА која ќе се одржи на 24 и 25 овој месец во Скопје, во Конференцискиот центар на хотел Queen во Т.Ц. Зебра со почеток во 10 часот.
Имајќи ја во предвид актуелноста и поаѓајќи од премисата за значењето на прашањата од работните односи, особено во поглед на новините и практиките во трудовото законодавство и пракса, АКАДЕМИК ОБУКАТА овој месец ќе биде концентрирана кон темите на работните односи во администрацијата, вработувањата во јавниот сектор, пријавувањето и одјавувањето од работен однос, статусот на привремените агенции за вработување, привремените вработувања, постапките за отказ и преглед на најновите измени за Законот за работни односи.
Обуката ќе биде дводневна и својствено на обуките на Академик, учество ќе земат реномирани обучувачи директно упатени во проблематиката и кои најсоодветно и најпрецизно ќе одговорат на зададените теми и прашања.
ПРВ ДЕН (четврток, 24.04 2014)
На првиот ден од АКАДЕМИК ОБУКАТА ќе се разгледа:
- Комплетен преглед на спецификите на работните односи во државната администрација, јавните претпријатија, агенциите и фондовите и локалната самоуправа – напредувањето во кариерата, постапката за отказ и постапката по приговор.
- Колективниот договор во јавниот сектор
> Обучувач со кој ќе започне првиот дел на АКАДЕМИК ОБУКАТА ќе биде Југослав Ѓорѓиевски, управен инспектор во Министерството за администрација и информатичко општество.
> На вториот дел од обуката, обучувач ќе биде претставник од Министерствто за информатичко општество и администрација, а темите кои ќе се дискутираат и разгледуваат се:
- Нетипични вработувања во јавниот сектор – на определено време преку Агенција за привремени вработувања и
- Случаи на структуирање и донесување на систематизација на работно место во јавниот сектор
ВТОР ДЕН (петок, 25.04 2014)
На вториот ден од АКАДЕМИК ОБУКАТА исто така ќе се разгледаат мошне суштински прашања од широкиот спектар на трудовото право и работните односи.
Темите кои ќе бидат презентирани и проследени со предавања и интерактивна дебата се следните:
- Начин на обезбедување на потреба од работник
- Пријавување/одјавување во/од работен однос, односно во/од задолжително социјално осигурување
- Видови договори на вработување: на определено време, сезонска работа, со неполно работно време, со неполно работно време со повеќе работодавачи, дополнително работење, вршење работа дома, менаџерски договори, куќни помошнички, приправнички стаж, волонтерски стаж и пробна работа
- Статусот на приватните агенции за посредување при вработување согласно најновите законски измени
- Соработка на Агенцијата за вработување на Република Македонија со приватните агенции за вработување
> Обучувач на првиот дел од АКАДЕМИК ОБУКАТА ќе биде Весна Пешова, раководител на Сектор за правно-административни и општи работи во Агенција за вработување на Република Македонија.
Во вториот дел од обуката ќе се разгледаат следните прашања:
- Преглед на измените на законот за агенциите за привремени вработувања 2013/2014
- Права и одговорности на агенциите за привремени вработувања
- Вработување согласно Законот за агенции за привремени вработувања
- Привремени вработувања: типови договори, одговорност на работодавачот, одговорност на корисникот, права на вработените
> За овие теми обучувач ќе биде Елеонора Јовановиќ, Советник за нормативна дејност во област на трудовото право при Министерството за труд и социјална политика.
Третиот дел од обуката ќе биде посветен на Измените на Законот за работни односи и толкувањето на одредби во делот на постапкaта при отказ. Конкретните теми кои ќе бидат опфатени во овој дел се:
- Преглед на измените на Законот за работни односи од 2013 година
- Одмори отсуства и други права
- Постапка за отказ на вработени кои работат од: дома, сезонски, како приправници, преку агенции за привремено вработување и со скратено работно време
- Посебен осврт на постапката за отказ од причина на вина кај работникот поради прекршување на работниот ред и дисциплина.
> Обучувач во овој дел ќе биде Санде Зиков, судија во Основниот суд Скопје 1.
Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е предвидено доволно време за прашања, дискусија, интерактивна дебата и практични примери.
Почитувани пријатели и соработници,
ПРИЈАВЕТЕ СЕ најдоцна до 23.04 2014 на akademik@akademik.com. mk или на тел. број 02/32 32 821
Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ
Цената е за еден учесник за еден ден
Бројот е ограничен на 30 учесници по обука
За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст!