/ Прочитано:

4.353

Набавка од мала вредност според Законот за јавните набавки

Договорниот орган може да врши набавки од мала вредност на стоки и услуги со проценета вредност до 10.000 евра во денарска противвредност и на работи до 20.000 евра во денарска противвредност.

Како што се пропишува во Законот за јавните набавки, набавката од мала вредност се врши со објавување оглас за набавка од мала вредност, при што минималниот рок за поднесување на понудите е седум дена од денот на објавување на огласот. Секој економски оператор има право да поднесе понуда по објавениот оглас за јавна набавка.

Исто така, набавката од мала вредност се врши преку електронскиот пазар на набавки од мала вредност на ЕСЈН, за набавка на стандардни стоки и услуги. Договорниот орган ја избира понудата со најниска цена, која е во согласност со барањата и условите од краткиот опис на предметот на набавка.

Договорниот орган објавува известување на електронскиот пазар на набавки од мала вредност за намерата да изврши набавка најмалку 48 часа пред да ја реализира набавката, при што дава краток опис на предметот на набавка.

Кај набавката од мала вредност договорниот орган го утврдува единствено условот за вршење професионална дејност.

Министерот за финансии подетално ги пропишува видовите набавки и начинот на вршење набавки од мала вредност преку електронскиот пазар на набавки од мала вредност на ЕСЈН.

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јули 2020 година

М.В