/ Прочитано:

655

Народната банка за позначајните промени кај надворешниот долг

Народната банка известува дека е објавено редовното статистичко соопштение на Народната банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

 На крајот на првиот квартал од 2020 година:

  •  Бруто надворешниот долг со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, изнесува 8.127 милиони евра (74,3% од БДП) и забележа квартален пад од 64 милиони евра;
  •  Бруто надворешните побарувања без ефектот од специфичните активности на централната банка изнесуваат 5.188 милиони евра (47,5% од БДП) и забележаа намалување од 195 милиони евра;
  •  Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6.650 милиони евра, или 60,8% од проектираниот БДП за 2020 година. На квартална основа, негативната МИП бележи зголемување за 257 милиони евра коешто речиси во целост произлегува од зголемените обврски, а во помал обем и од намалувањето на средствата. Притоа и натаму, најголемиот дел од МИП, односно 86%, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 75% се врз основа на сопственички капитал.

 Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на: 

http://nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2020/Soopstenie_Dolg_i_MIP_Kv1_2020.pdf

„НБСтат“

http://nbstat.nbrm.mk/