/ Прочитано:

359

Новинарски протест: Право на граѓаните пред интересот на моќниците

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници утре, 17 ноември со почеток во 11:00 часот организира новинарски протест кој се однесува на судската пракса која беше воведена со пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија каде што судот си одреди улога да решава кој смее, а кој не смее да работи како новинар.

Сметаме дека е нанесена неправда со оваа пресуда, факт заради кој решивме гласно да го кажеме ставот на новинарите.