/ Прочитано:

791

Обвинение за кражба на икони

Обвинетиот го сторил кривичното дело на 8 јули 2020 година, во 22.00 часот, кога провалувајќи влегол во внатрешноста на црквата Св.Петка Исконска, сопственост на МПЦ Скопска епархија, на начин што со употреба на погоден тврд предмет го отворил прозорот на црквата.  Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св.Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, икона од светец „Св Петка“, икона од светец „Св. Нектарија Египски“ и икона од светец „Св. Илија“. Откако ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500,00 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот“, соопштуваат од Обвинителството.