Со Одлуката за доставување на податоци за извршените активности во платниот промет се пропишуваше содржината на податоците од платниот промет, кои носителите на платниот промет и правните лица кои не се носители на платниот промет, а се вклучени во работењето на платен систем или вршат други услуги поврзани со плаќања, се должни да ги доставуваат до Народна банка на Република Македонија.