Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2020 година, заедно со табеларниот преглед.
На 1 септември стапува во примена Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Со овој закон се уредуваат создавањето, складирањето и обработката на електронските документи, електронската идентификација и доверливите услуги.
На 15 септември стапуваат во примена одредби од Законот за научно-истражувачката дејност, додека пак на 17 септември стапуваат во примена одредби од Правилникот за странци. На 1 септември престанува да важи Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, а на 17 септември престанува да важи и Правилникот за странците.
Табеларен преглед на прописите