Од 1 декември: Забрана за пластични кеси и 15 денари надоместок за биоразградливи кеси
На 1 декември започнува да се применува одредбата од Законот за управување со пакување и отпад од пакување кој се однесува на пуштањето на пазар на кеси за носење на стоки и пластично пакување за еднократна употреба.
Според законската дефиниција, „Пластични кеси за носење на стоки“ се кеси за носење, со или без рачки, изработени од пластика, кои се достапни за потрошувачите на продажните места на стоки и производи.
„Се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во Република Северна Македонија.
Се забранува пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Северна Македонија.
По исклучок од ставот на овој член, со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот во Република Северна Македонија биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно со пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки.
Надоместокот кој треба да го плаќаат крајните корисници за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба.
Трговецот е должен да води евиденција на квартална основа за бројот на продадени кеси на продажното место која ја доставува до стручниот орган и вкупната сума добиена од надоместокот од продадените кеси на квартална основа ја пренесува на посебна сметка отворена за таа намена на органот за животна средина“, се пропишува во членот 10 од Законот.
Еколошки активисти формираа Иницијатива која бара законска забрана за пластичните кеси
М.В