/ Прочитано:

3.451

Секој што работи во недела има право на додаток од најмалку 50%

„Работникот од дејностите кои се во исклучоците согласно Законот за работните односи, покрај правото на додаток на плата за работа во недела, има право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот.

Правото на додаток на плата се однесува на секој работник без оглед дали истиот работи во смени (турнус), работи прекувремена работа, работи на ден на неделен одмор, работи ноќе и др.

Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат.

Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, освен за мал дел на исклучоци и таму додатокот на плата за работа во недела и на празници изнесува најмалку 100%, за секој час поминат на работа.

Во јануари 2022 има 5 работни недели за оние 8% од работниците кои се во исклучоците и доколку работеле најмалку една имаат право на Дневници за работа во недела со +50%.

Пример за еден работен ден во недела:

-Дневница за работа во недела на минимална плата од 15 200,00 ден. изнесува 1 140,00 ден.

Дневница за работа во недела на плата од 18 000,00 ден. изнесува 1 350,00 ден.

Дневница за работа во недела на просечната плата од 29 130,00 ден. изнесува 2 185,00 ден“, образложуваат од ССМ.