/ Прочитано:

1.274

СЈО обезбедило документација за истрага од Централниот регистар

Дел од документите што ги барале, а не им биле предадени, ќе бидат обезбедени во понатамошната постапка, велат од СЈО.

centralen-registar

Доцна синоќа, истражителите на Специјалното јавно обвинителство со полициска асистенција, но и во присуство на директорот на Централниот регистар и вработени во институцијата, влегле во зградата и со судскиот налог, кој претходно го имале обезбедено СЈО, одзеле дел од документите кои им се потребни за истрагата.

За каков вид на документи станува збор, од СЈО не сакаат да коментираат.

Дел од документите што ги барале, а не им биле предадени, ќе бидат обезбедени во понатамошната постапка, велат од СЈО.

Во Извештајот за шестмесечната работа на Специјалното јавно обвинителство беше наведено дека специјалните обвинители работат на 30 истраги во кои се осомничени 80 лица за сторени повеќе кривични дела.