/ Прочитано:

1.137

Собранието на РМ ќе утврдува предлог-одлука за избор на член во Советот на јавни обвинители

Според Законот за Советот на јавните обвинители, тројца членови на Советот се избираат од страна на Собранието на Република Македонија, од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Комисија за прашања на изборите и именување

На утрешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да биде утврдена предлог-одлука за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Според Законот за Советот на јавните обвинители, тројца членови на Советот се избираат од страна на Собранието на Република Македонија, од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Мандатот на избраните  членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.