/ Прочитано:

2.830

СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Распишан оглас за избор на еден обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Сите кандидати за избор на јавен обвинител, освен условите предвидени во членовите 44, 45 и 46 од Законот за јавно обвинителство и Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство, како посебен услов кој треба да го исполнат е да имаат работно искуство како јавен обвинител од најмалку пет години работен стаж, со потврдени резултати во работата.

Табла, Основно јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители распиша оглас за избор на еден јавен обвинител за Вишото јавно обвинителство Скопје.

Сите кандидати за избор на јавен обвинител, освен условите предвидени во членовите 44, 45 и 46 од Законот за јавно обвинителство и Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство, како посебен услов кој треба да го исполнат е:

  • да имаат работно искуство како јавен обвинител од најмалку пет години работен стаж, со потврдени резултати во работата.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават пријавите заедно со потребната документација, во оригинал или фотокопија заверена на нотар, уверение за државјанство и лекарско уверение (двете да не се постари од шест месеци од денот на нивното издавање), доказ за работен стаж, диплома или уверение за завршен правен факултет и потврда за положен правосуден испит, во оригинал или фотокопија заверена на нотар, до Советот на јавните обвинители на Република Македонија на ул. „Кеј Димитар Влахов“ бр. 4, V кат, во рок од 15 дена од објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.