/ Прочитано:

2.131

Советот на јавни обвинители распиша оглас за избор на двајца обвинители за Вишото јавно обвинителство Скопје

Според критериумите, освен условите предвидени во чл. 44, 45 и чл. 46 од Законот за јавно обвинителство („Службен весник на РМ“ број 150/07) и од Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство („Службен весник на РМ“ бр. 111/08), сите кандидати за избор на јавни обвинители како посебен услов потребно е да имаат работно искуство од најмалку пет години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит.

Јавно обвинителство на Република Македонија

Советот на јавните обвинители на Република Македонија објави оглас за избор на двајца јавни обвинители за во Вишото јавно обвинителство Скопје

Според критериумите, освен условите предвидени во чл. 44, 45 и чл. 46 од Законот за јавно обвинителство („Службен весник на РМ“ број 150/07) и од Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство („Службен весник на РМ“ бр. 111/08), сите кандидати за избор на јавни обвинители како посебен услов потребно е да имаат работно искуство од најмалку пет години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит.

Заинтересираните кандидати  треба да ги достават пријавите и потребната документација, во оригинал или фотокопија заверена на нотар, и тоа: уверение за државјанство и лекарско уверение (да не се постари од шест месеци од денот на неговото издавање), диплома или уверение за завршен Правен факултет и потврда за положен правосуден испит, во оригинал или заверено на нотар и потврда за работен стаж, до Советот на јавните обвинители на Република Македонија на ул. „Кеј Димитар Влахов“ бр. 4, V кат, во рок од 15 дена од објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.