/ Прочитано:

2.205

Советот на јавни обвинители треба да избере член од подрачјето на ВЈО Скопје

На минатата седница не беше избран јавен обвинител од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје. За член на Советот на јавни обвинители биле пријавени четири кандидати: Миле Мојсовски, јавен обвинител во ОЈО Скопје, Елизабета Павловска, јавен обвинител во ОЈО Скопје, Фиданка Рајевска, јавен обвинител во ВЈО Скопје и Љубинка Угриновска, јавен обвинител во ОЈО Скопје. Изборот не бил направен бидејќи обвинителките Рајевска и Павловска добиле еднаков број гласови и изборот за нив ќе се повтори на следната седница на Советот закажана за в четврток.

????????????????????????????????????

Зоран Сулејманов, член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија,  Трајко Вељаноски. На Сулејманов ова му е втор мандат во Советот. Тој е член на Советот избран од редот на Собранието на Република Македонија.

Минатата недела Советот на јавните обвинители на Република Македонија избра три члена за четирите места за членови на Советот кои доаѓаат од редот на јавните обвинители.

Од  подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола беше избран Петар Аневски, кој доаѓа од ОЈО Битола и е претседател на Советот на јавни обвинители. Тој беше и единствениот кандидат од ова подрачје.

Од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар беше избрана Деса Пауновска, која е јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар. Покрај неа, за позиција во Советот беше кандидирана и Виолета Стојаноска, јавен обвинител од ОЈО Кичево.

За членови на Советот од заедниците кои не се мнозинство во РМ кандидатури имаа поднесено  Имран Османи, јавен обвинител во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, и Коле Штерјев, јавен обвинител во ВЈО Скопје, кој и ја добил потребната поддршка од Советот, велат оттаму.