/Прочитано:

1.646

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“

 

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Ровер“. Пресудата е ослободителна и за Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Пресудата е осудителна за тројцата обвинети српски државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, додека пак ослободителна за четвртиот обвинет српски државјанин Вук Вукичевиќ.

Предметот за случајот „Ровер“ се однесува на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во Скопје, во јули 2001 година.

Во обвинението Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се посочија како платени убијци кои биле најмени од трето лице за да извршат ликвидација на Марјан Тушевски. Според обвинението, Бошковски дал амин за убиството на Марјан Тушевски

Повеќе за предметот „Ровер“

М.В