/ Прочитано:

1.202

Признанија за компаниите што воведоа скратено работно време по користење родителско отсуство

„Еднакви можности за мажите и жените и баланс помеѓу професионалните и приватните обврски“ беше темата на денешната работна средба со претставниците од стопанските комори и на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и на претставниците на Телото на ОН за зајакнување на жените и родова еднаквост (UN WOMEN) во нашата земја.

На работната средба, која се одржа на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, беа доделени и признанија за самоиницијативноста на шест домашни компании за приклучувањето кон глобалниот тренд за воведување скратено работно време за вработените што се вратиле од родителско отсуство.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека за квалитетен пазар на труд, но и за успешно родителство многу е важно да се прави баланс помеѓу професионалните и приватните обврски, но и да има еднакви можности за мажите и жените.

Министерката истакна дека МТСП, во широка консултација со сите засегнати страни, ќе предложи користење на споделено родителско отсуство во новиот Закон за работните односи, којшто е во фаза на подготовка.

„На овој начин ќе се овозможи и таткото да користи родителско отсуство кое нема да биде условено од користењето на породилното на мајката, што ќе значи многу за раниот развој на детето“, нагласи Царовска.

„Воведувањето на скратено работно време за вработените кои се враќаат од породилно отсуство е одличен чекор преку кој се поттикнува наталитетот и се подигнува задоволството и мотивацијата кај вработените. Овие постапки треба да ги охрабрат и другите компании да пристапат кон воведување на вакви или слични мерки. Светот се менува, во секој сегмент, па и во работните односи и ваквите постапки влијаат на градење на имиџот на компаниите, да бидат препознаени како општествено одговорни и компании кои се грижат за своите вработени и на тој начин да задржуваат и привлекуваат квалитетен и добро обучен кадар“, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Панел-дискусија за споделено родителско отсуство: Татковците да имаат сопствено право на родителско отсуство

Флексибилно работно време, скратено работно време на родител на новородено дете и татковско платено отсуство за намалување на родовиот јаз во платите

М.В