< 2022 >
September 15
  • 15

    АКАДЕМИК ОБУКА: „КАКО ДА БИДЕМЕ УСПЕШНИ ВО УЛОГАТА НА ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“

    10:00 -15:00
    15/09/2022Europe/Skopje

    На 15.9.2022 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на лични податоци“.

    Улогата на офицерот за заштита на личните податоци е клучна во обезбедување на усогласеност со Законот за заштита на личните податоци. Контролорите кои утврдиле обврска за назначување  офицер за заштита на личните податоци се должни да назначат лице кое ги исполнува условите предвидени во Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока, меѓу другото, офицерот треба да има завршено високо образование и да има стекнати знаења и вештини во однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци.

    Академик во рамките на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци има организирано многу обуки, опфаќајќи различни сегменти од Законот за заштита на личните податоци. На барање на контролорите и за потребите на офицерите за заштита на личните податоци, Академик ја организира оваа обука наменета за определените офицери за заштита на личните податоци кои сакаат да го надградат своето знаење и вештини, како и за лицата кои сакаат да бидат офицери за заштита на личните податоци. Обуката ќе биде интерактивна и преку практични примери ќе ви ја доближи улогата на офицерот за заштита на личните податоци во секојдневното работење.

    На обуката ќе предава Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонско здружение на млади правници, како и консултант за заштита на личните податоци.

    Обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници ќе биде ограничен.

    Агенда

    • Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП)
    • Разбирање на начелата за заштита на личните податоци, улогите, одговорностите и активностите за обработка на лични податоци по ЗЗЛП
    • Разбирање на одговорностите на контролорот и обработувачот
    • Права на субјектите на личните податоци и како се применуваат во секојдневното работење
    • Утврдување на правниот основ и водење различни евиденции за мапирање на процесите кај контролорот
    • Правила за меѓународен пренос на податоци
    • Како да извршиме анализа на постоечкиот систем
    • Како да утврдиме чекори за усогласување со законот
    • Подготвување план за обуки и контроли
    • Основни вештини кои треба да ги поседува офицерот за заштита на личните податоци

     

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество на обуката 

    Цената за учество за едно лице е 4.900 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 14.9.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.