/ Прочитано:

397

Академијата и Граѓанскиот суд организираа симулирано судење по повод Европскиот ден на правдата

Академијата за судии и јавни обвинители го одбележа Европскиот ден на правдата 25 октомври. Секоја година на 25 октомври Европската унија го слави Европскиот ден на правдата. Целата е да се доближи правдата до граѓаните, тие да се запознаени со нивните права како и да се промовира работата на Советот на Европа и Европската комисија на полето на правдата.
Во таа насока, сите земји членки на Европската унија, како и земјите кандидати за влез во Европската унија, 25 октомври го одбележуваат со организирање на настани посветени на теми од областа на правото.
Академијата, за таа цел,  во соработка со Основниот граѓански суд Скопје организираа симулирано судење, кое се одржа во Основен граѓански суд во кое учествуваа слушателите на почетна обука од седмата генерација кои во моментов ја следат практичната настава како дел од програмата за почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители.
На настанот присуствуваше и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска.